Димитриевски: Имав договор со Барселона, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски кажа дека преговарал со Барселона и бил пред потпис со каталонскиот гигант.

Димитриевски ги договори сите услови со Барселона и требало уште да потпише соработка, но сепак трансферот не се реалзирал затоа што резервниот голман Нето одбил да си замине од Каталонија.

„Преговаравме и сè беше готово. Јас ги прифатил условите кои ми беа понудени, остана само потписот. Сепак, тоа не се случи затоа што Нето не сакаше да го напушти клубот. Имам договор со Рајо до 2024 година и верувам дека е време да направам исчекор во кариерата, па среќен сум што постои интерес за мене од тимови како Барселона“, вели Димитриевски.