Димитров за малку ќе се онесвестеше на теренот во Мајами (Видео)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров за малку ќе се онесвестеше на теренот по победата против Серундоло.

Веднаш по победата над Серундоло со резултат 6:7 (6), 6:4, 7:6 (3), по два часа и 48 минути игра, се виде дека Димитров не беше во најдобра состојба, а лекарите беа присутни.

Рече дека е добро, но му се врти во главата. На крајот, сепак, со помош го напушти теренот и не успеа да даде изјава.