Динамо го совлада Хајдук: Адеми и Ристовски го освоија Суперкупот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб го освоија хрватскиот Суперкуп, откако на пенали беа подобри од вечниот ривал Хајдук.

Адеми беше стартер за Динамо и одигра до 78. минута, додека Ристовски остана на клупата на шампионот, а младиот Јани Атанасов не доби шанса во редовите на Хајдук.

Динамо на пенал-рулетот беше подобар со 4-1, откако сите соиграчи на Адеми и Ристовски беа прецизни, додека на спортивната страна погоди само Марко Ливаја.