Динамо Загреб остана без капитенот пред мечот со Спарта Прага

Динамо Загреб остана без важен фудбалер пред мечот против Спарта Прага во плејофот за пласман во групната фаза во Лига Европа.

Голманот Доминик Ливаковиќ прифати трансфер во Фенербахче и денеска се очекува да биде промовиран во турскиот гигант.

Ливаковиќ заминува од Загреб по осум години поминати во Динамо, па така хрватскиот шампион ќе добие нов капитен.