Динамо Загреб откри каква е состојбата на Адеми!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми за среќа не е посериозно повреден, иако мораше предвреме да го заврши мечот на Динамо Загреб против Омонија (2-0) во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони.

Адеми беше заменет во 42. минута од мечот против Омонија, а хрватските медиуми објавија прогноза дека македонскиот фудбалер ќе паузира и до три месеци, но сепак тоа не е вистина.

„Поради интересот на публиката и информациите во медиумите, сакаме да ја информираме јавноста за ситуацијата на капитенот. Адеми го оштети мускулот на десната нога и го почна процесот на рехабилитација, а наскоро ќе објавиме колку ќе паузира. Сепак, Адеми се чувствува многу подобро од вчера“, соопштија од Динамо.

Тоа значи дека Адеми најверојатно ќе паузира од една до три недели и ќе може да му помогне на Динамо во следните предизвици.