Директорот на Интер: Лукаку треба да се фокусира на голови, а не на Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер речиси испадна од трката за Скудетото бидејќи Наполи е во одлична форма и делува невозможно да ја загуби битката за трофејот во Серија А.

Директорот Пјеро Аусилио во разговор со италијанските медиуми кажа дека Интер може да стигне до Скудетото.

„Сè уште сме во игра за титулата. Ова е чудна сезона, а ние имаме да играме во Купот на Италија и Лигата на шампиони. Наполи, сепак, е одличен оваа сезона“, вели директорот.

Аусилио кажа дека белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку мора да продолжи со постигнување на голови, а не да се фокусира на Челси.

„Веќе разговаравме за неговата иднина. Лукаку треба да се фокусира на постигнување голови, а не на Челси“, кажа Аусилио.