„Дивјак“ на тренингот на Реал: Почна да дави една од ѕвездите на тимот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот и европски гигант Реал Мадрид е најпопуларниот тим во светот и секој детал од натпреварите или тренинзите привлекува внимание на јавноста.

Овој пат тоа беше моментот во кој главна улога имаа Антонио Рудигер и Винисиус Жуниор на тренинг.

Рудигер почна да ја дави младата бразилска ѕвезда, додека 22-годишниот фудбалер се обидуваше да се спаси.

Интересно е тоа што ниту еден од нивните колеги не направи ништо за да го спаси Бразилецот од рацете на германскиот дефанзивец.

Винисиус и Рудигер досега имаа добар однос, а најверојатно така ќе остане и во иднина.