До вчера беа пријатели: Реченица која го изнервира Роналдо 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо постигна два гола од пенал за победа на Јувентус од 3-1 против Џенова, а при изведување на нив се соочи со непријатна ситуација со неговиот поранешен соиграч Матија Перин.

Перин се обиде да го изнервира Роналдо за да утне пенал, но Португалецот без проблеми ги изведе и двата удари од белата точка.

При изведување на вториот пенал Перин го провоцирал Роналдо и го прашал дали повторно ќе шутира во средина, по што Португалецот му одговори со гол.

Роналдо шутираше силно и стигна до неговиот 79. погодок во дресот на Јувентус. Интересно е тоа што Перин и Португалецот беа пријатели додека соработуваа во „Старата дама“.