Добри вести за Реал Мадрид: Барселона во сериозни проблеми пред „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клупскиот фудбал е на пауза во моментов поради обврските на фудбалерите кон нивните репрезентации, а неочекувани проблеми се појавија за Барселона, односно тренерот Чави.

Барселона по паузата ќе игра два меча против Интер и дуел на 16 октомври против Реал Мадрид во Ла Лига, но Чави не може да смета на двајца важни фудбалери.

Жил Кунде се пожали на повреда на мечот меѓу Франција и Австрија, а најверојатно ќе паузира околу три недели.

Исто така, проблем за Барселона е тоа што се повреди Араухо, кој беше стартер на седум од осум меча оваа сезона, а тоа е добра вест за Реал Мадрид.