Договорен трансфер на Икарди вреден 57 милиони евра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди го напушта Интер и кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот шампион ПСЖ, каде што сезонава беше на позајмица.

Новинарот Фабрицио Романо синоќа објави дека бил постигнат трансфер меѓу Интер и ПСЖ, а за трансферот наскоро се очекува и официјална потврда.

ПСЖ за услугите на Аргентинецот ќе плати 50 милиони евра веднаш, плус седум милиони во бонуси. Икарди и порано ги имаше договорено условите во Париз и треба да заработува 10,5 милиони евра годишно.

Икарди минатата сезона играше како позајмен фудбалер во ПСЖ, а во 31 меч постигна дури 20 голови за гигантот.