Договорена средба меѓу Перез и Анчелоти: Откриени се плановите за летово


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го освои шпанскиот Куп оваа сезона, но ги загуби битките за Ла Лига и Лигата на шампиони, па затоа летово се очекува ремонт на екипата.

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти има поддршка од претседателот на клубот, Флорентино Перез, а веќе бил договорен и состанок меѓу нив.

Состанокот ќе се одржи следната недела и ќе бидат поставени целите за следната сезона, но притоа Перез сака да дознае кои се барањата на Анчелоти.

Анчелоти дефинитивно сака засилувања во екипата, а на листата со желби биле Коло Муани, Осимен, Влаховиќ и Кејн.

Во екипата треба да пристигне и Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, а засега не е познато дали „кралевите“ ќе купат уште еден дефанзивец.