Дојде време за крај: Робен по вторпат ја заврши фудбалската кариера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот од Холандија, Арјен Робен соопшти дека дефинитивно ја завршува својата кариера по вторпат во животот.

Робен прво се повлече од фудбалот во 2019 година откако мина 10 години во Баерн Минхен, но на фудбалските терени се врати лани кога заигра за Гронинген.

Меѓутоа, сезоната ја одбележаа неколку повреди и Робен одигра само седум меча и постигна два гола, па поради тоа реши дека е време за конечна пензија.

„Решив да се повлечам од фудбалот. Ова е тешка одлука. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката“, кажа 37-годишниот фудбалер.

Во текот на кариерата освои осум титули во Бундеслигата, пет германски Купови, две титули во Премиерлигата, еден во ФА-купот и многу други пехари.