Доказ дека Далас не може без Дончиќ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доколку Лука Дончиќ не игра на свое ниво, Далас маверикс не може да победи, а тоа можеше да се забележи во дуелот против Вашингтон (105-113).

Дончиќ го врза вториот меч по ред на кој не постигнат над 30 поени, односно застана на бројката од 22 поени, девет скокови и шест асистенции, но тоа не му беше доволно на Далас.

„Бев ужасен на последните два натпревари. Виновен сум поради лошите резултати. Требаше да победиме во тие дуели. Можеби сум и малку изморен, но тоа не е изговор“, кажа Дончиќ.

Најдобар натпревар сезонава одигра Кајл Кузма кој постигна 36 поени и 11 скокови и така му помогна на Вашингтон да запише триумф.