Доказ дека е еден од најдобрите: Гвардиола синоќа урна рекорд во ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер сити синоќа го направи првиот чекор кон финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) откако славеше со 2-1 на гостувањето кај ПСЖ.

Избраниците на Пеп Гвардиола во второто полувреме ја покажаа својата моќ и заслужено триумфираа и се наоѓаат на праг до првото финале во ЛШ во историјата.

Натпреварот против ПСЖ посебно ќе го памети и тренерот Пеп Гвардиола. Шпанскиот тренер урна и рекорд како тренер. Победата против парижаните му беше 34. во нокаут-фазата, а тоа е неверојатен податок.

Гвардиола ќе има шанса да стигне и до бројката од 36 победи во елитното натпреварување, ако Сити слави во реваншот од полуфиналето, како и во финалето.