Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Церемонијата за доделување на „Златната топка“ беше одржана во Париз во организација на „Франс Фудбал“, а наградата по седми пат во кариерата ја освои Лионел Меси.
Меси годинава успеа конечно да го освои трофејот со аргентинската фудбалска репрезентација со која славеше на Копа Америка.
На церемонијата беше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и многумина чекаа средба меѓу него и Меси, зашто не се разделија најдобро минатото лето.
Меси во интервју кажа дека бил изненаден затоа што Барселона не му понудила нов договор, а потоа се налути затоа што Лапорта кажа дека Аргентинецот не сакал да остане и бесплатно да игра за тимот.
Иако сите чекаа средба меѓу Лапорта и Меси, сепак тоа не се случи и за тоа потврда даде претседателот на Барселона.