„Доколку не иде безбедно, ќе ги откажеме Олимписките игри без размислување“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Олимписките игри (ОИ) се поместени за една година поради пандемијата на вирусот, од иста причина би можеле тие и да бидат откажани.

Тоа го потврди Тоширо Никаи, генералниот секретар на Либерално-демократската партија во Јапонија.

Јапонија се соочи со зголемен број на случаи со ковид-19, а бројките се зголеми во Токио, каде што се закажани ОИ.

„Ако се прошири инфекцијата поради ОИ, не знам која е поентата тогаш да се организираат“, вели Никаи.

Иако организаторите и раководството на ОИ ретко зборува во јавност, сепак Никаи беше претпазлив со ситуацијата.

„Мора да донесеме одлука на основа на тоа што ќе се случува во тој момент. Ако нема услови, ОИ нема да се организираат“, кажа генералниот секретар.