Долгот на Металург е 90.000 евра: Се бара поддршка од ЕХФ и РФМ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најтрофејните клубови на македонската ракометна сцена, Металург вчера не го одигра дербито против Вардар, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) го суспендираше тимот од Автокоманда.

Причина за суспензијата на Металург се долговите кон црногорскиот тренер Зоран Кастратовиќ, како и Александар Шпенде, а денеска на прес-конференција претседателката Зорица Блажевска откри колку е долгот на екипата.

„Долгот на клубот е 65.000 евра за овие два случаи (Шпенде и Кастратовиќ), но доколку се додадат и сите плати што ги бара Кастратовиќ, таа бројка би била 90.000 евра. Минчо Јорданов инвестираше пари кога најмногу требаше. Не може да се оспори неговата поддршка. Да не беше ковид-кризата работите ќе беа поинакви. Можам само да потенцирам дека Минчо Јорданов не се откажа од Металург. Нема да се откажеме дури и доколку бидеме исфрлени од Суперлигата. Ако не успееме во нашата намера, најголеми губитници ќе бидат играчите. Ќе играме ако треба и во Првата лига, ќе продолжи клубот да функционира преку Металург РА. Многу други клубови стартувале од Прва лига, па сега имаат одлични екипи. Сите кои помислија дека ќе ни ги земат играчите, дека ќе ни ја земат салата, ќе морам да ги разочарам“, кажа Блажевска.

Фото: РК Металург