„Дон Балон“: Барселона го пронајде идеалниот наследник на Меси?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Барселона во последните неколку години зависи од Лионел Меси, па јасно е дека Каталонците ќе мора наскоро да пронајдат негова замена бидејќи Аргентинецот ќе наполни 33 години и се ближи кон крајот на кариерата.

    Каталонците не играат како што се очекува од нив сезонава, иако се наоѓаат на првото место на табелата во Ла Лига, па поради тоа управата размислува за трансфер-бомба следното лето.

    „Дон Балон“ објави дека раководството на Каталонците ќе тргне на лето по потписот на Мохамед Салах, за кој сметаат дека е идеален наследник за Аргентинецот во екипата.

    Салах е еден од најважните фудбалери на Ливерпул во моментов, но доколку пристигне понуда од Барселона, тогаш тешко дека ќе може англискиот гигант да го спречи во намерата да замине од клубот.