Донарума: Не славев по одбранетиот пенал зашто не знаев дека сме победиле!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума беше херој на Италија при изведувањето на пенали, а по одбранетиот пенал на Букајо Сака, голманот не тргна да слави со соиграчите, па многумина ги заинтересира зошто била таква реакцијата.

Донарума на крајот на пенал-рулетот остана смирен, а многумина се сомневаа дека тој не тргнал да слави затоа што не бил сигурен дека победиле.

Италијанецот во разговор со новинарите од Италија открил дека не броел колку пенали биле шутнати и затоа не сакал да слави премногу рано.

„Не славев затоа што не знаев дека сме победиле. Гледав во судијата и се обидував да видам дали ВАР дал сигнал дека е во ред мојата одбрана. Потоа сфатив дека сме победиле кога ги видов моите соиграчи како се радуваат и трчаат кон мене“, призна Донарума.