Дончиќ доби ќотек во првиот меч од финалето на Западот (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот меч од финалето на Западната конференција во НБА-лигата го доби Голден Стејт вориорс со 112-87 против Далас маверикс.

Голден Стејт најде решение за најопасниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, кој воопшто немаше лесен натпревар и доби ќотек од противничките кошаркари.

Дончиќ заработи неколку белези на лицето поради грубите стартови на неговите ривали, а уште на самиот старт Ендру Вигинс го изгреба Словенецот по лицето.

Словенецот го заврши натпреварот со 20 поени, седум скокови и четири асистенции и беше најдобар во својот тим, но далеку од неговиот просек.

Голден Стејт до победа го предводеше Стеф Кари со 21 поен и 12 скокови.