Дончиќ и другарите се пијанчеле пред поразот од Полска!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Словенија тргнаа на Евробаскетот како главни фаворити за освојување на златниот медал, но сепак беа елиминирани уште во четвртфиналето од Полска.

Босанските медиуми пишуваат дека Словенците една ноќ пред мечот против Полска биле на забава и се пијанчеле до пет часот утрото.

Словенија во текот на целиот меч против Полска не беше на висина на задачата, а Лука Дончиќ како најголема ѕвезда се појави пред медиумите и кажа дека неговиот тим ги разочарал сите во државата.

Младиот кошаркар на Далас маверикс се критикуваше себеси поради лошиот настап и кажа дека нема изговори за тоа што се случило против Полска.