Дончиќ им одржа лекција на Леброн и Лејкерс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс славеше против Лос Анџелес лејкерс со 127-125, додека Денвер нагетс го запиша вториот триумф по ред, откако го надигра Чикаго булс со 114-106.

Далас по драма го реши ривалот, а повторно одличен на паркетот беше Лука Дончиќ кој постигна 33 поени, шест скокови и 17 асистенции. На спротивната страна најдобар беше Ентони Дејвис со 37 поени и 11 скокови.

Дуелот меѓу Денвер и Чикаго го одбележа исклучувањето на Никола Јокиќ уште во првото полувреме. Но и покрај тоа блесна Џексон со 25 поени за победничкиот тим, додека кај поразените Вајт запиша 27 поени.