Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одлична сезона во НБА-лигата, но остана без шампионскиот прстен по поразот од Бостон селтикс.
Дончиќ имаше проблеми со повреди во регуларниот дел од сезоната, но генералниот директор на тимот, Ник Харисон посочи дека Словенецот е подготвен да игра за неговата татковина.
„Сè додека може да се движи, Дончиќ ќе игра за Словенија. Тоа се моите очекувања“, кажа Харисон.
Словенија ќе игра квалификациски турнир од 2 до 7 јули и ќе се соочи против Грција и Хрватска.