Дончиќ се изнервира по третиот пораз од Бостон: Шест лични грешки? (Видео)


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ воопшто не беше среќен по третиот пораз на Далас маверикс против Бостон селтикс.

Дончиќ го заврши мечот на четири минути пред крајот затоа што му беше изречена шестата лична грешка.

Еден од најдобрите кошаркари во светот не беше среќен поради шестата лична грешка, а тоа го покажа на прес-конференцијата.

„Не знам што да кажам. Не ни дозволија да играме со повеќе контакт. Нема да кажам ништо, но шест лични грешки во финале? Можете подобро од тоа“, кажа Дончиќ.