Дончиќ се налути: ФИБА мора да реагира!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европското првенство (ЕП) во кошарка влегува во втората половина од првата фаза, но веќе има забелешки за судиите, а дел од нив испрати и ѕвездата на Далас маверикс и Словенија, Лука Дончиќ.

Дончиќ кажа дека на сите им е јасно што се случувало на дел од натпреварите.

„Украдено време на мечот меѓу Грузија и Турција, техничка грешка на Литванија, но и други примери. Ова нема смисла, ФИБА мора да реагира и да го реши проблемот со судиите“, кажа Дончиќ.

Словенецот, исто така, реагира и на густиот распоред на натпревар и порача дека не е хумано да се играат четири натпревари во пет дена.