Дончиќ со трипл-дабл го реши Бруклин (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен настап против Бруклин нетс и помогна во победата на Далас маверикс (129-125) со нов трипл-дабл со 41 поен, 11 скокови и 14 асистенции.

Далас уште во регуларниот дел можеа да слават, но Булок промаши удар за тројка со звукот на сирената, па тимот од Тексас беше доминантен во дополнителните пет минути и заслужено запиша победа.

Хардавеј со 18 и Клебер со 15 поени беа најдобри асистенти на Дончиќ, додека во редовите на Бруклин најефикасни беа Ирвинг со 39 и Дурант со 37 поени.

Никола Јовиќ постигна само четири поени за осум минути на паркетот во поразот на Мајами од актуелниот првак Голден Стејт вориорс (110-123).