Дончиќ во Далас доби соиграч кој претходно ја освои Евролигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ доби друштво од соиграч со кој претходно во дресот на Реал Мадрид ја освои Евролигата, а тоа е Аргентинецот Факундо Кампацо.

Кампацо во 2020 година си замина од Мадрид и се пресели во Денвер нагетс, по што го напушти и тој НБА-тим, а сега ќе игра за Далас.

Кампацо во претходните две сезони одигра 130 натпревари во регуларната сезона и уште 14 во плејофот, но во просек постигнуваше само по 6,5 поени по натпревар.