Донесена е одлуката: Зидан заминува од Реал Мадрид и тоа на крајот од сезоната, а познато е и каде…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот од четворицата синови на прославениот француски фудбалер, Зинедин Зидан на крајот на сезоната му истекува договорот со Реал во кој неговиот татко е главен тренер.

Лука Зидан ги мина сите млади селекции на Реал, а од почетокот на оваа година се придружи на сениорскиот состав. Бранеше еднаш, во дуелот против Хуеска на 31. март, каде Реал славеше со 3:2.

Француските медиуми велат дека Лука од следната сезона ќе биде член на второлигашот Калермон, кој би требал да му биде отскочна даска во кариерата. Во Реал конкуренцијата е голема, и тука се Навас и Куртоа, а кога би останат во Мадрид би бил резерва на шпанскиот чувар на мрежата, Давид Де Геа, чие прстигнување од Манчестер Јунајтед се подготвува. Затоа и најдобро е да замине таму каде што би можел да експлодира. Калермон никогаш инаку, за потсетување не бил прволигаш…