„Дортмунд блефира, Санчо наскоро ќе потпише за Јунајтед!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејдон Санчо се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед веќе долго време, но вчера „милионерите“ објави дека талентираниот фудбалер заминува со нив на подготовки и тоа според многумина значеше дека нема да го продадат.

Дортмунд претходно објави дека ќе го продаде Санчо, но крајниот рок е пред заминување на подготовки со клубот, па сега шансите се драстично намалени дека тој ќе го напушти германскиот бундеслигаш.

Сепак, така не смета Овен Харгривс кој порача дека Дортмунд блефира за трансферот на Санчо.

„За мене тоа е обичен блеф. Мислам дека Санчо наскоро ќе потпише за Јунајтед. На ваков начин Дортмунд се обидува да извлече што е можно повеќе пари“, кажа Харгривс.