Дортмунд ќе се засили со Санчо, но и со лев бек од Челси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот гигант Борусија Дортмунд планира да ангажира неколку засилувања во јануарскиот преоден рок, а изборот паднал на Џејдон Санчо и Јан Матсен.

Санчо е отпишан од „црвените ѓаволи“ и веќе некое време бара нов клуб, а Дортмунд планира да го врати како позајмен играч.

Англискиот фудбалер се согласил на враќање во Дортмунд, иако имал уште неколку опции за продолжување на кариерата.

Матсен не добива премногу шанса во Челси, па затоа би можел да замине на позајмица во Борусија, која наводно ќе добие и откупна клаузула во неговиот договор.

Доколку не успеат да го ангажираат Матсен, тогаш „милионерите“ ќе тргнат по потписот на Серхио Регилон од Тотнем.