Довициозо на пол позиција, Роси одличен, дебакл на Лоренцо

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо ја освои пол позицијата на големата награда во Холандија.

Довициозо стигна до првата пол позиција оваа сезона, а четврта во кралската класа со време од 1:45.246.

Италијанците ќе стартуваат од првиот ред утре од 14:00 часот. Валентино Роси заврши на второто место, а Скот Рединг на третото место.

Водечкиот во генералниот пласман, Марк Маркез ќе стартува од четвртата позиција, а шест позиции пред Хорхе Лоренцо.

Првото изненадување беше видено во првиот дел на квалификациите кои Дани Педроса не успеа да се квалификува понатаму. Искусниот Шпанец ќе стартува од 15-та позиција.

Маркез на почетокот на вториот дел направи грешка и излета, но го зеде резервниот мотор и заврши 4-тата позиција.