Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И тоа од клуб каде што Германците оставија многу длабока трага.
Хулијан Дракслер порача на управата на Волфсбург дека сака да замине и тоа навистина може да се случи во ова лето.
Тој повеќе сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, Билд пишува дека се наоѓа на радарот на Арсенал, меѓутоа, понуда стигна од страна на Интер.
Италијанските медиуми наведуваат дека управата на Нероаѕурите веќе стапила во контакт и со него и со Волците. Новата сопственичка структура (Сунинг група) обезбедила средства за доведување на германскиот репрезентативрец, прашање е само дали тој и неговиот клуб ќе прифатат.
Пречка може да биде тоа што Интер не игра во Лигата на шампионите.
Според последните информации кои стигнуваат од Апенините Нероаѕурите се спремни на Дракслер да понудат петгодишен договор и плата од 4.5 милиони евра годишно и тоа без бонуси.
На Меаца сметаат на добрите односи со Волфсбург кои се воспоставени при трансферот на Иван Перишиќ.
Волците го доведоа Дракслер во минатото лето од Шалке за 30 милиони евра, а сега од неговото продавање може да заработат околу четири-пет милиони повеќе.
Интер не така одамна во минатото беше „мека“ за Германците, нешто постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат во времето кога Матеус, Клисман и Бреме блескаа во сино-црниот дрес.