Драма во Јужна Америка: Меси плукнат од противник, Нејмар нападнат од навивачи (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едни од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Лионел Меси и Нејмар доживеаа непријатни ситуации во нивните натпревари со репрезентациите.

Меси влезе од клупата за резервни играчи против Парагвај (1-0), а притоа беше плукнат од противничкиот играч Антонио Санабрија.

Санабрија, кој во минатото играше за Барселона Б, го плукна Аргентинецот додека тој беше свртен со грб.

Драма имаше и во Бразил, каде што навивачите беа нервозни поради ремито на селекцијата и го нападнаа Нејмар, кој не остана должен и сакаше да се тепа со нив.