Драма во Мајорка: Владимир Кличко спасен од запалена јахта! (ВИДЕО)

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко доживеа вистинска драма на одмор во Мајорка.

Поранешниот шампион во бокс во моментов се наоѓа на Мајорка со своето семејство и пријателите на одмор. Меѓутоа, тоа можеше да заврши трагично.

Кличко на Твитер објави дека доживеал голема драма на Мајорка. Тој беше на јахта со семејството и пријателите, но потоа бродот се запалил.

Огнот се проширил со голема брзина, но за среќа крајбрежната стража експресно реагирала и ги спасила. Тоа што е најважно е што никој не е повреден, а огнот бил изгаснат.