Драма во Шпанија: Фудбалер за време на меч се удри со глава во бетонски ѕид (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На меч меѓу резервните екипи на Лас Палмас и Атлетико Такоронте се одвиваше вистинска драма, откако еден фудбалер на домаќините удри со глава во ѕид.

Младиот Коку удри во ѕид со голема брзина, па сите фудбалери се фатија за глава и побараа итна помош.

Локално радио објави видео на кое се гледа ситуацијата, а подоцна било објавено дека нема повреда на глава, но ги скршил и двете раце.

Пред него се наоѓа тежок период во кој го очекува долга рехабилитација за да може да се врати на теренот, а снимката од неговиот удар во ѕидот навистина изгледа застрашувачки.