Драма во Турција потсети на случајот на Ериксен на ЕП 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот меѓу Бешикташ и Газијантеп во рамки на турското првенство заврши 0-0, но резултатот остана во втор план бидејќи се случуваше вистинска драма на теренот кога еден од играчите на тимот од Истанбул падна на теренот.

Моментот кој потсети на случајот на Кристијан Ериксен на Европското првенство (ЕП) за среќа немаше толку сериозни последици затоа што левиот бек на Бешикташ, Фабрис Енсакала со брза реакција на медицинскиот тим беше префрлен во болница.

Претходно му помогна резервниот играч Нејчип Ујсал, пред да стигнат докторите на теренот, а за среќа по Енсакала не стануваше збор за срцев удар.