Драмата заврши: Чудото од Русија ќе го продолжи својот сон во Пекинг

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева го воодушеви светот со нејзините настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Валиева стана првата жена која направи неверојатен потег и успеа да ѝ донесе златен медал на Русија, сепак ова 15-годишно девојче се најде во центар на скандал поради допинг-тест од декември минатата година.

Поради тоа беше одложена церемонијата за доделување на медалите и почна истрагата, која траеше со денови, а по неа беше донесено решение Валиева да продолжи со натпреварите, па утре ја чека борба за ново злато.

Супстанцијата која Валиева ја користела е на листата со забранети, но добила олеснителна околност бидејќи е малолетна и сега го помина допинг-тестот без проблеми.