Дресовите на Ливерпул нема да бидат исти во Премиер лигата и Лига на шампионите


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Ливерпул минатиот викенд стана светски клупски првак по прв пат во историја совладувајќи го Фламенго со 1:0.

Така Редси во наредните 12 месеци ќе бидат “владетели” на светот и ќе бидат единствен клуб кој ќе има право на дресот да го зашие грбот наменет за првакот на светот.

Меѓутоа, тоа нема да биде случај во Премиер лигата. Причината е едноставна. По правилата на натпреварувањето не е дозволено да се менуваат или доработуваат дресовите со кои е започната сезоната.

Значи, Ливерпул ќе мора да ја чека следната сезона за на дресот да го додаде шампионскиот знак, само ако не добие дозвола од англиската фудбалска федерација.

Кога се во прашање меѓународните натпреварувања Редси ќе можат да го постават беџот на дресот без кршење било какви правила, па дресовите на Ливерпул во Лига на шампионите ќе бидат поразлични од оние во Премиер лигата.