„Дресовите со број 10 треба да се повлече во сите тимови каде што играше татко ми“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Армандо Марадона почина минатата среда на 60-годишна возраст од срцев удар во неговиот дом, а најтешко тоа го поднесува неговото семејство.

Синот на Марадона по една недела од тажните вести собра сили и разговараше со медиумите, при што кажа дека не може уште да се соочи со реалност.

„Не можам да прифатам дека го нема. Не можам…Имаше уште многу години пред себе, уште многу години уживање со семејството. Тоа никогаш нема да можам да го прифатам. Замина прерарно. Ништо повеќе нема да биде како порано. Нема да биде тука да крене слушалка и да разговараме на разни теми“, кажа тој.

Исто така, тој смета дека во сите тимови каде што настапуваше Марадона треба да се повлече дресот со број 10.

„Мислам дека тоа треба да се направи во сите клубови каде што играше мојот татко, вклучувајќи ја и Барселона. Нема дилеми“, вели синот на Марадона.

Диего кариерата ја започна во Аргентинос Јуниорс, а потоа настапуваше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља и Њуелс Олд Бојс.