Дрим тимот силен како „НАТО“: Еве како ќе изгледа составот на Барселона за следната сезона…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на тоа дека преодните рокови во сите лиги наскоро почнуваат, така почнаа и шпекулациите за тоа како ќе изгледаат составите на европските великани за следната сезона.

Во поголемиот дел од составите на екипите има фантазија од новинарите, но кога е во прашање потенцијалниот состав на Барселона, се чини дека тука се е јасно.

Каталонците оваа сезона ја освоија Ла Лига, но во Лигата на шампионите повторно потфрлија па управата ќе вложи нови средства за да го засили играчкиот кадар.

Пред неколку месеци е доведен Френки Де Јонг од Ајакс, а тој во клубот ќе се приклучи кога ќе почне преодниот рок. Од Амстердам во пакет со него би требало да дојде стоперот Матијас Де Лихт, чиј трансфер се уште не е официјализиран, но би требало да биде во следниот период.

Така дефанзивниот и редот за врска следната сезона ќе биде дополнително засилен, а нападот би требало са биде силен во Европа. Освен Лео Меси и Луис Суарез, таму би требало да се најде и Французинот, Антоан Гризман кој пред два дена објави дека заминува од Атлетико. Шпанските медиуми веќе го гледаат во доресот на Барселона, а и овој трансфер би требало да биде официјализиран во следните денови или недели.

Се чини дека засега најнеизвесно е кој од клупата ќе го предводи овој Дрим Тим. Дали тоа ќе биде Ернесто Валверде или некој друг?