Духот на Марадона се појави на „Ла Бомбоњера“: Топката тргна кон голот, а потоа се случи чудо! 🎥


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Суперкласико меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт заврши 1-1. Дербито го одбележа и една чудна ситуација во последната минута од натпреварот.

Гостите помислија дека постигнале и втор гол, но потоа меѓу стативите на Бока се појави дух.

Кога топката тргна кон голот, сите помислија дека ќе заврши во мрежата, но потоа неверојатно тргна во друг правец.

На крајот голманот на домаќините Естебан Андрада некако успеа да ја зачува мрежата и тоа со помош на стативата.