Дурант до критичарите: Зборувавте дека сме зад Словенија, сериозни ли сте?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на САД загубија на подготовките од Нигерија и Австралија, а потоа запишаа пораз и од Франција на стартот на Летните олимписки игри, па тие беа жестоко критикувани од навивачите дека ќе останат без златен медал.

Меѓутоа, САД го освои златниот медал со победата против Франција од 87-82, а најдобар играч во финалето беше Кевин Дурант, кој по мечот испрати порака до критичарите.

„Ова е порака до сите кои ни рекоа дека нема да го земеме златото. Имаа своја ранг-листа, според неа ние бевме на четврто место зад Словенија. Зборувавте дека се блиску до нас, дали сте сериозни!?“, вели Дурант.

САД го освои четвртиот златен медла по ред на Олимписките игри, а Дурант стана најдобар стрелец во историјата со 435 поени во 22 одиграни меча.