Дурант му ја подари победата на Сан Антонио (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сан Антонио спарс го изненади Феникс санс на гостински терен со 115-114, а трагичар на мечот беше Кевин Дурант.

Феникс имаше водство од 20 поени во еден момент, а на 50 секунди до крајот предноста изнесуваше само пет поени.

Вембанјама постигна четири поени по ред, а Сан Антонио тргна во последен напад. Сепак, Дурант ја загуби топката и Келдон Џонсон постигна кош за победа на Сан Антонио.

Џонсон беше најефикасен на мечот со 27 поени, додека Дурант запиша 26 поени.