Дурант му се „поклони“ на Јокиќ: Неверојатен е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна дури 53 поени против Феникс санс, но неговиот Денвер нагетс загуби со 124-129.

По четири меча, Денвер и Феникс се израмнети (2-2) во полуфиналната серија на Западот, а пофалби за Србинот пристигнаа и од Кевин Дурант.

„Секогаш мислам дека сите негови поени се од лесни удари. Тој едноставно игра кошарка во ритам во кој не можеш да го збуниш. Јокиќ е силен и може да постигне кош од било која позиција. Секој пат си мислам дека ќе промаши, а тој погодува. Неверојатен е“, вели Дурант за Јокиќ.