Дурант заминува од Голден Стејт, а што ли ќе се случи со Томпсон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт вориорс ќе изгледа различно следната сезона, па можеби ќе бидат и главен конкурент за НБА-титулата, како и во претходните сезони.

Во „Тимот од соништата“ на Голден Стејт од следната сезона најверојатно нема да игра Кевин Дурант, кој заминува како слободен кошаркар, па чека во моментов понуди од други клубови.

Многумина се прашуваа дали и Клеј Томпсон ќе тргне по неговите стапки, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Според американските медиуми, Томпсон ќе остане во поранешниот НБА-шампион, со кој ќе потпише договор вреден 190 милиони долари.

Остануваат да се договорат уште неколку детали, но речиси сигурно е дека Томпсон ќе остане во клубот.