Два Премиерлигаши заинтересирани за Един Џеко


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Босанскиот репрезентативен напаѓач, Един Џеко е пред заминување од редовите на Рома по лошата сезона која ја има во составот од Рим.

За Џеко постои интерес од неколку европски тимови, а „Тутомеркато“ пренесува дека два премиерлигашки клубови водат во битката за неговиот потпис.

Од претходно се пишуваше дека Вест Хем се распрашува за поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, а денес проструи информација дека за босанскиот дијамант има интерес и од таборот на Њукасл.

Двата тима се подготвени да платат околу десет милиони евра за да го обезбедат потписот на играчот кој е под договор со Рома до 2020 година.