Двајца ракометари на Е.Пелистер 2 позитивни на Ковид-19


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Проблемите со коронавирусот во македонскиот ракомет како да немаат крај, нови позитивни случаи се потврдени во Еурфарм Пелистер 2.

Од клубот информираа дека двајца нивни ракометари кои имале симптоми биле позитивни после што било спроведено тестирање на сите во тимот.

„РК Еурофарм Пелистер 2 информира дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни. Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес“, објавија од клубот. 

Фото: Е.Пелистер (ФБ)