Двајца кандидати за замена на Покетино во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот Маурицио Покетино разочара со Челси оваа сезона бидејќи беа инвестирани многу пари, а немаше добри резултати и тимот се наоѓа на 11. место во лигата.

Газдата на премиерлигашот, Тод Боели веќе има двајца потенцијални кандидати за нов тренер на „сините“, а тоа се Роберто Де Зерби од Брајтон и Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.

Де Зерби ги освои симпатиите во Англија со резултатите со Брајтон, но за неговиот потпис се заинтересирани и Милан, Јувентус и Барселона.

Аморим не ја крие желбата да биде тренер во Премиерлигата, а Челси делува како идеален избор.