„Двајца луѓе се виновни што не ја освоив Премиер лигата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот капитен на Ливерпул Стивен Џерард сеуште жали што не успеа да ја освои Премиер лигата.

Џерард најблиску беше во 2014 година кога во еден од одлучувачките натпревари се лизна против Челси и неговит тим поради тоа го загуби мечот, а подоцна и титулата.

Џерард денеска порача дека овие два луѓе пресудија за тој никогаш да не ја освои Премиер лигата.

„Челси и Манчестер Сити се многу силни екипи. Сепак, постојат две причини што е така. Да ги немаше Роман Абрамович и Шеик Мансур, јас досега би имал две или три освоени Премиерлига, во тоа нема сомнеж“, рече Џерард.

Да потсетиме дека Џерард со Ливерпул освои ЛШ во 2005 година а година дена подоцна и ФА Куп.