Две асистенции и гол на Митровиќ за победа на Фулам (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фулам славеше со 3-0 против Кристал Палас, а повторно одличен меч имаше српскиот напаѓач Александар Митровиќ кој запиша две асистенции и еден гол.

Фулам поведе во 31. минута преку Рид по асистенција на Митровиќ, кој потоа му асистира и на Рим за предност од 2-0, додека третиот гол го постигна сам за победа од 3-0.

Њукасл славеше со убедливи 3-0 против Лестер сити и така скокна до второто место на табелата, додека победи остварија и Вулвс против Евертон (2-1), но и Брајтон против Саутемптон (3-1).